Фото: Направа која им овозможува на парализираните луѓе да се движат


Направата „Мајнд вокер“- електричен егзоскелет чија цел е да им овозможи на парализираните луѓе да се движат, по три години равивање е тестирана.

Оваа револуционерна направа се состои од три елементи: Егзоскелетот, кориснички интерфејс за виртуелна реалност и компонента за читање на умот, а моментално е под ревизија од страна на Европската Комисија.

Mindwalker-brain-controlled-robotic-exoskeleton

Корисникот го контролира „Мајнд вокер“користејќи ЕЕГ капа, која ја мери електричната активност на повеќе точки на скалпот на главата.  Тргнувајќи од ова, има повеќе начини на контролирање на егзоскелетот, но се покажало дека најдобриот начин е носење на очила со трепкачки диоди прикачени на леќите.

mindwalker_mind_controlled_exoskeleton1

„Секој сет од диоди трепка на различна фреквенција во перифералниот вид на корисникот. Светлината се процесира во делот од мозокот наречен окципитален кортекс, кој исто така одредува на која диода се концентрира корисникот, левата или десната. Со концентрирање на левата, егзоскелетот почнува да се движи, а со десната застанува. Сето ова се случува за помалку од секунда“, објаснува Хелен Томпсон од New Scientist.

Во иднина, научниците планираат да развијат полесна верзија на егзоскелетот, која ќе може да се инкорпорира во пар панталони, како и да ги заменат големите очила со диоди во нешто посуптилно, за да биде попрактично за употреба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1