Едноставен тест кој ќе предвиди колку долго ќе живеете


Благодарение на бразилскиот доктор Клаудио Гил Араухо, сега постои едноставен тест кој можете да го направите дома, за неколку секунди кој ќе ви покаже колку години имате да живеете.

Арахуо дошол до идеја за овој тест откако забележал дека голем дел од неговите пациенти, особено постарите, често пати имаат потешкотии со едноставните подвизи на рамнотежа и сила, како што е подигнувањето на некој предмет од подот и станување од столчето.

20131025-ednostaven-test-koj-kje-predvidi-kolku-dolgo-kje-zhiveete-1

Бидејќи е познато дека рамнотежата и кондиционите проблеми го зголемуваат ризикот од опасни падови и несреќи (исто така му наштетуваат на кардиоваскуларното здравје), тој се запрашал дали флексибилноста, рамнотежата и силата на пациентот може да се искористат како мерка за животен век.

За тестот се препорачува да се носи удобна облека. Застанете исправено во средината на една соба. Без користење на рацете и нозете, внимателно клекнете со скрстени нозе. Откако ќе ви биде удобно, обидете се да станете од седечка позиција – повторно без користење на вашите раце. Ви нудиме едноставна илустрација (погоре) која ќе ви помогне да ги визуелизирате чекорите.

20131025-ednostaven-test-koj-kje-predvidi-kolku-dolgo-kje-zhiveete-2

За тестот постои бодовна скала од 1 до 10 (5 поени за седење, 5 поени за станување). Секој пат кога ќе ја искористите раката или ќе го употребите коленото за балансирање за време на тестот, тогаш треба да си одземете по еден поен од можните 10 поени. Половина поен се одзема секој пат кога ќе изгубите рамнотежа, или кога леснотијата со која станувате станува понесмасна.

Араухо сфатил дека со овој тест може да се предвиде очекуваниот животен век со неверојатна точност. Тој тестирал повеќе од 2.000 негови пациенти на возраст од 51 до 80 години и открил дека луѓето кои имале помалку од 8 поени на тестот, имале поголема веројатност да умрат во текот на следните шест години. Оние кои постигнале три поени или помалку имале големи шанси да умрат во рамките на истиот временски период. Генерално, секој поен постигнат во тестот придонесува 21% во намалување на смртноста.

Истражувањето на Арахуо било извршено само на пациенти постари од 50 години така што резултатите нема да значат многу доколку помлади лица го направат тестот.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1