Министри од кабинетот на премиерот Груевски доаѓале на работа во владата со оружје, велат извори на Либертас од владата.
Обезбедувањето кај вицепремиерот Муса Џафери случајно деновиве открило дека носи оружје, по што веднаш било реагирано и бил известен премиерот Груевски, бидејќи според нашите извори, подолго време во владата се зборувало дека министри Албанци со себе во кабинетите носат пиштоли.
Од тие причини, по откривањето на пиштол кај вицепремиерот Џафери, и на службениот влез кој го користат министрите кога преку гаражата влегуваат во владата е поставен полицаец кој ги претресува министрите да не внесат оружје.