Американскиот претседател Барак Обама признал дека плачел додека го гледал филмот „Батлер“ зашто го разжалостило сознанието дека цели генерации на Афроамериканците, поради дискриминацијата, работеле на ниски позиции.
Филмот на Ли Данијелс, во кој батлерот го игра оскаровецот Форест Витакер, а ликот на неговата сопруга го игра Опра Винфри, се наоѓа на самиот врв на американскиот бокс-офис веќе втора недела по ред.
Се шпекулира дека ќе биде еден од кандидатите за Оскар. Погледнете што има во филмот.