ФАЛС јајца, ореви со бетон, рециклиран ориз – кинезите фалсификуваат дури и храна


Едно е да се имитира облека од познати дизајнери и техничка опрема, а сосема друга работа е некој да се осмели да си игра со храна

orasi-betonЛажни ореви Некој толку станал креативен што на бетон и лушпи од ореви заработувал мало богатство. На местото на јатката еден по еден орев биле отварани а за да добијат во трежина во внатрешноста ставале грутка на бетон. Секој орев бил внимателно замоткан во хартија за да се избегне секаков сомнеж, но испаднало спротивното.

Лажен мед Производството на ваков вид на мед е процес на правење на мед, кој лажно се означува и се извезува во Индија, а од таму во САД. Се произведува со мешање на засладена вода, меласа, пченкарен или оризов сируп и еден вид на нерафиниран шеќер, а на крајот се додава сосема малку вистински мед.

Лажен ориз Се чини дека треба да се измисли посебна казна за оние кои се осмелуваат да ја имитираат основна состојка на кинеската кујна. Властите во Сингапур изјавија дека некои компании прават имитација од ориз од пластичен отпад и компири. Овој лажен производ изгледа реален кога е жив, но кога ќе се зготви станува тврд и жилав. “Оној кој ќе изеде три чинии од овој ориз исто како да изел една пластична кеса”, изјавил еден функционер на кинеската Асоцијација на угостители. Според еден неделник во Хонг Конг лажниот ориз се дистрибуира во кинескиот град Тајуан во провинцијата Шанкси.

Лажни јајца Вештачки јајца се прават од хемикалии, алгински киселини, калиум, калциум хлорид, желатин, восок, вештачки бои и вода и се продаваат како да се вистински. Се готват во урината на деца, а лушпата се прави од креда. Да биде злото поголемо, инструкции за тоа како се прават овие јајца има и на интернет. Имитацијата навистина личи на вистинска јајце но само додека не се зготви. Откако ќе се „свари“, жолчка станува како топче. Континуирано конзумирање на овие одбивни имитација води кон често губење на памтењето, па дури и склероза.

govedina-od-svinjetineЛажно говедско месо Правењето скапо говедско месо од други видови на евтино месо, кеј потоа се продава по највисока можна цена е посебен вид на одвратна алхемија. За жал, тоа релативно лесно може да се направи, а потребни се околу 90 минути маринирање во мешавина на висококонцентран екстракт од говедско месо и агенси за глазура. „Адитивите за маскирање на месото“ се опасни. Постојаната употреба може да предизвика труење на органите, што доведува до деформитети, а можни е заболување и на некои видови рак.

Рециклирани земички Препакувањето на застарени земички е ново „дно“ кое го достигнала кинеската прехранбена индустрија. Некои продавници се обвинети дека ги враќаат непродадените земички кај нивните производители кои пак таму ги истураат во легени со вода, брашно, нелегална боја за храната и вештачки засладувачи. Земичките потоа се препакуваат и повторно се продаваат како свежо направени. Поднесено е обвинение против овие производители затоа што скандалот бил премногу јавен и понижувачки за кинеската влада. Директорот на претпријатието ја изгубе лиценцата за производство на храна, а Владата повлече од продажбата околу 32.000 земички. Кинеската законска регулатива поврзана со храната практично не постои и плаче за реформи. Прописите тешко се имплементираат поради тоа што Кина е огромна земја. Во 2009 година Владата призна дека регулативата за храната е национален проблем.

Заразени патки Кинеската компанија „Светко кралеви за патки” отпуштила четворица вработени под обвинение за продажба на заразени патки. Според француската новинска агенција, вработените продавале патки на бизнисмен кој пак ги обработувал и ги продавал на црниот пазар.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1