Случајот на Захра Абуталиб, жена која била бремена 46 години, ги остави медицинските професионалци во чудење. Захра останала бремена пред 46 години, но детето никогаш не се родило. Оваа, сега седумдесет и петгодишна Мароканка, роди „камено дете” кое живеело во нејзината утроба 46 години.
Во 1955 година, Захра Аботалиб почнала да се породува во едно мало село во близина на Казабланка. Породувањето траело 48 часа, но бебето не се родило. Захра била пренесена во болницата за да ја породат лекари, но кога видела дека една млада девојка починала со болки за време на операцијата, Захра во паника избегала од болницата во страв дека таа ќе почине.
Таа имала огромни болки со денови и еден ден и бебето и болките мистериозно исчезнале. Верувајќи во митот на “заспано бебе”, Захра ја заборавила бременоста во надеж дека детето кога-тогаш ќе се роди.
Поминале децении, а бебето не се родило, па Захра посвоила три деца и станала баба. Кога наполнила 75 години силните болки и се вратиле, но докторите немале соодветно објаснување. Доктор Таиби Квазани верувал дека стомакот на жената бил потечен поради тумор во јајниците и ја испратил на снимање.
Лекарите биле шокирани кога добиле резултати, а во стомакот на Захра имало плод на детето кое останало парализирано поради тоа што се развивало надвор од матката и зараснал со останатите органи на Захра. Со цел да се брани од инфекции, телото на жената околу мртвиот фетус создало заштитен слој кој со текот на времето станал се потврд.
Операцијата со која се отстранило „каменото бебе” била многу комплицирана бидејќи плодот зараснал со другите органи.
Мртвото бебе, кое беше во телото на Захра 46 години, било успешно отстрането со операцијата. Денеска лекарите тврдат дека нејзиното бегство од болницата пред 46 години веројатно и го спасило животот, затоа што тогаш немало современи апарати за скенирање, па лекарите веројатно ќе ја пресечеле папочната врпца и ќе предизвикале внатрешно крварење, кое сигурно ќе завршело фатални и за мајката и за детето.
До сега се регистрирани 300 вакви случаи но само бебето на Захра е бебе кое најдолго живеело во нејзиниот стомак.