Во Аероклубот во Белград синоќа била одржана промоција на книгата „МИ-6 Историјата на тајната разузнавачка служба 1909-1949“, од авторот Кит Џефери, коа го обработува дејствувањето на британската тајна служба, пишува index.hr.
Книгата е посветена на првите четириесет години од основањето на тајната разузнавачка служба на Велика Британија која во меѓувреме стана цивилна служба. За случувањата на нашите простори во книгата се спомнуваат некои имиња на агенти кои биле во тајната британска служба, некои Југословени кои соработувале со МИ-6, а постои дел на двете страни кој говори за Драгољуб Дража Михајловиќ и Јосип Броз Тито и нивните односи со сојузниците и Германците.
Во книгата исто така се наоѓаат и информации дека Јосип Броз Тито им се обратил на швајцарските власти за азил во 1948 година. Тоа е време на судирот меѓу Тито и Сталин, кога во Југославија се стравуваше од советска инвазија. Нема потврда за вистинитоста на информацијата.