Станиша М. (52) од местото Равниште кај Крушевац и Надица М. (50) од Пожаревац биле хоспитализирани поради изгореници по целото тело, а лекарите се борат за нивните животи.
Трагедијата ја предизвикал Станиша, кој би опседнат до сомневањата дека неговата партнерка го изневерува. Настанот се случил во куќата на жената додека таа спиела. Тој прво ја полеал со лепак за паркет, а потоа ја запалил. Истото го направил и на себе. Оганот веднаш се проширил по нивните тела и тие се претвориле во подвижни факели. Трчале низ собата и викале за помош. Потоа истрчале надвор и се гаселе со вода од црево.
Набрзо пристигнале и соседите и се обиделе да им помогнат. Мажот и жената се вртеле по земјата за да го изгаснат пожарот.
Пристигнале и пожарникарите и почнале со гасење и на пожарот во внатрешноста на куќата. Итно биле префрлени во болница со втор, трет и четврт степен на изгореници.
Жената имала изгореници на 90 отсто од телото, а мажот околу 60 отсто. Полицијата го потврдила случајот.
Станиша привремено работел во Австрија и на Надица и помогнал да најде таму работа. Во последно време често се карале, а мажот се сомневал во нејзината верност. Надица била разведена со два повозрасни сина и живеела одвоено.