„Извините нисмо знали да је невидлив“ – Невидливиот срушен пилот се гушна со напаѓачот


Срп­ски­от режисер Жељко Мирковиќ (41) е автор на документарниот филм “Втора сред­ба”, филм за средбата и пријателството меѓу бившите непријатели, аме­ри­кан­ски­от пилот на познатиот невидлив “Ф 117А” Дејл Зелко и човекот што во март 1999 го­ди­на кај Буѓановац, за време на бомбардирањата на Србија, го сруши стелтот – срп­ски­от полковник Золтан Дани.

Фил­мот за случката за која во јавноста кружеше шегата “Извинете, не знаевме дека е невидлив”, ќе биде прикажан на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Бра­ќа Манаки” во Битола (14 – 21 септември).

pilot amer i srbin nevidliv avionВо интервју за Вест тој вели –  Фил­мот “Втора средба” почна да се создава кога, по игра на случајот, ја добив можноста да исконтактирам со Дејл Зел­ко. Имено, музејот “Смитсонијан” во Вашингтон , работеше на едукативен до­ку­мен­та­рен филм за стелт технологијата, и сакаа да добијат интервју со Золтан Дани.

Ме побараа мене да им помогнам и рекоа дека имаат интервју со пилотот и оти би са­ка­ле приказната за “Ф 117” да ја дополнат со Золтан што го предводеше тимот кој го сру­ши тој авион. Ги замолив да ме спојат со Дејл, со желба и порака до него дека би би­ло многу силна порака за мир кога Золтан и Дејл лично би се сретнале.
Обај­ца­та тоа веднаш го препознаа, и почна авантурата која траеше 5 години и од која се изроди “Втора средба”.

Како ги убедивте?

Двај­ца­та искрено сакаа да ја испратат таа силна порака бидејќи ги делеа истите вред­нос­ти – веруваа во семејството и сметаа дека хуманоста и мирот денес се нај­важ­ни за нашата заедничка иднина. Средбата беше и емотивен и организациски пре­диз­вик, но сe течеше спонтано и дојде во вистински момент, ни прерано ни предоцна, а тре­ба­ше да поминат 5 години до неа.

srusen steltr avion nevidliv– И едниот и другиот јунак одбија слава и пари кои им се нудеа по војната. Дејл одбил да биде медиумска ѕвезда во САД и да заработи за цел живот, а Златан одбил да ра­бо­ти за други земји и да заработи, исто така, милиони долари. И двајцата сакаа да би­дат со своите фамилии во мир и заедништво.

За­тоа и сакав филмот да биде спонтан, без вештачки сцени на реконструкција и без про­па­ган­дни елементи од која било страна.
По­точ­но, беше особено важно на наш начин да го завршиме филмот, без наплив на го­ле­ми светски ТВ-станици кои ја сакаат оваа приказна. Ги одбивме и нив и нивните па­ри, кои ќе ни овозможеа поедноставна продукција и заработка на филмот
Чо­веч­ки­те души се секаде исти. И сe искрено доаѓа од нив, тогаш имате приказна ко­ја ќе ја препознаат сите човечки души на кој било дел од Планетава. Тоа се случи и со овој филм

Дејл преку и-мејл ме праша, бидејќи неговиот син Киген свири на виолина, дали би му пре­по­ра­чал некоја традиционална српска композиција на виолина. Киген сакал да ја на­у­чи да ја свири како негов подарок за српскиот народ.

Ин­ту­и­тив­но ја одбрав “Свилен конец”. Киген ја научи да ја свири, а кога ги прегледав ви­де­од­нев­ни­ци­те, сфатив дека тоа би можело да биде и музички лајт мотив.

– Има­ме двајца војници што директно учествувале во војната, секој на својата за­да­ча. Тука се и две фамилии, две сопруги што чекале нивните мажи да им се вратат. Да им се вратат и на своите деца, кои се грижеле за нив и тогаш, но и подоцна, помагајќи им да се вратат во семејниот живот.

Та­ка што нивното чувство за вистински, универзални вредности, како што се се­меј­ство и мир, не дојде формално туку како нешто длабоко преживеано. И двајцата пре­жи­ве­а­ја и добија втора шанса. Затоа е нивната приказна автентична, искрена и сил­на.

Целото интервју во – Вест 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1