Во продавница понекогаш продавачката ќе ви каже нема ситно да ви врати, па вие ќе си речете во ред е не е толку важно, без да размислите дека всушност 10 денари и не се така за фрлање.
Со 10 денари во Македонија може да се купи зелена салата во сезона која одлично ќе се вклопи во домашниоот ручек. Со 10 денари може да се купат две лути пиперчиња за салата.
Студентите со 10 денари може да купат уплатница за пријава на испит.
„ Кусур, не земам кога ми даваат метални пари. Немам што да правам со нив, само паричникот ќе ми се искине и може да ми се истурат на улица” Ана K. (26).
„ За 10 денари не може да се купи ништо, но затоа за 9, 99 денари може да се купат многубројни работи во супермаркет. Исто така и за 99, 99 или за 999, 99 денари. Би требало да се воведат овие пари и да се укинат оние со округли цифри за да народот не би се мачел со кусур “ Роберт М (27).
Со 10 денари исто така може да купите работи што никој не ги сака преку аукциски сајтови.
Со 10 денари може да си купите пенкало, молив, крем банана, шнола за коса, хартиени марамчиња, кутија кибрит, еден жилет, поливина леб, една праска, една бисквита за домашни миленичиња, бел или син плик, тоалет хартија, празно ЦД, боја за велигденски јајца, смоки.
Дали по ова ќе и речете на продавачката во продавница „во ред е не мора да ми ги давате тие 10 денари кусур“??
Повеќе на следниот – Линк