7 состојки во гел за туширање предизвикуваат рак и го оштетуваат мозокот- читајте етикети, избегнувајте ги по секоја цена


Секогаш треба да ја читате содржината на гелот за туширање. Мора да знаете што користите и да бидете сигурни дека тој производ не е штетен. Никогаш не треба да одбирате производи само поради добрата реклама, добрата амбалажа или добриот мирис.
Погледнете кои 7 состојки треба да ги избегнувате при купување гел за туширање:
ingredients-shower gelПарабени (butilparaben, propilparaben, metilparaben, etilparaben)
Парабенот се користи како конзерванс, за кој се верува дека е опасен по нашето здравје, бидејќи ја нарушува хормоналната рамнотежа, го зголемува ризикот за појавување карцином на дојка, карцином на кожа и делува на простатата.
Натриум Лауриј Сулфат (SLS/SLES) 
Овој емулгатор се користи во многу козметички производи како што се шампоните, пастите за заби, геловите за туширање, течните сапуни, детергентите за перење алишта и купките. Меѓутоа, SLS ја нарушува природната влажност на кожата, а во комбинација со други хемикалии создава „нитрозамин“, кој претставува канцерогена материја.
toxic-soap-ingredient-triclosanДиоксан
Како дел од PEG (полиетилен гликол), диоксанот се јавува во голем број гелови за туширање. Истражувањата покажаа дека диоксанот е карциноген, токсичен за мозокот, централниот нервен систем, бубрезите и црниот дроб.
Пропилен гликол
Овој гликол е честа состојка во производите за хигиена. Се поврзува со дерматитисот, абнормалноста на бубрезите и црниот дроб и може да ја зголеми иритацијата на кожата.
Диетаноламин (DEA)
DEA брзо реагира со конзервансите и се поврзува со рак на желудникот, црниот дроб и мочниор меур. Исто така, ја спречува апсорпцијата на холин (дел од B витамините), неопходни за работата на мозокот.
tusiranjeПарфем
Парфемите во геловите за туширање обично се добиваат од нафтени деривати и може да ја исушат вашата кожа. Толуенот се наоѓа во многу синтетички мириси и може да предизвика анемија, намалување на бројот на крвните садови, оштетување на црниот дроб и бубрегот, а го попречува развојот на фетусот. Одлична алтернатива за овие мириси е мешавината од етерични масла или овошни билни екстракти, кои на декларацијата се означени како „природен мирис“.
Триклосан
Кога триклосанот се поврзува со хлорот од водата, се создава хлороформ, кој Агенцијата за заштита на околината го прогласи за канцероген кај луѓето. Кога ќе се помеша со други состојки кои се користат за дезинфекција на водата, хлороформот може да го зголеми трихалометанот, кој докажано предизвикува канцер кај лабораториските животни.
Либертас

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1