Научно докажана силата на крстот


Истражувањата спроведени во лабораторијата за медицинско-биолошки технологии „НИИ“, за индустриска и морска медицина во Москва, вистински станаа сензација.

Krst-1Научниците експериментално докажаа дека крстот ги привлекува микроорганизмите и ги менува оптичките особини на водата.

-Потврдивме дека древниот обичај, храната и пиењето да се крстат пред конзумирање има длабока мистична смисла. Зад тоа се крие огромна корист. Храната се чисти во истиот момент. Тоа е едно големо чудо кое што се случува секој ден – изјави физичарот Ангелина Махаловска.

На овие истражувања за моќта на крстот Малаховска работела речиси 10 години.

Спроведени се голем број експерименти, кои што повеќе пати се проверени пред да бидат објавени нивните резултати. Тие се фундаментални и откриени како единствени биолошки својства кои водата ги поседува по осветување со молитва и крст.

Откриена е нова особина на Божјите зборови, кои ја преобразуваат структурата на водата, значајно ја зголемуваат нејзината оптичка густина во кратка или ултравиолетова спектрална област.

Малаховска и нејзините колеги го провериле и дејството на молитвата „Оче наш“ и крсниот знак врз патогените бактериии.

Заради истражувањата се земени примероци вода од разни басени, бунари, реки, езера. Во сите примероци била евидентирана златната стафилокока, и уште една секогаш присутна бактерија.

Но по ритуалот со молитвата и крстот, според научниците количината на штетните бактериии се намалувала за 7, 10, 100 па дури и за повеќе од 1.000 пати.

Резултатите покажуваат дека молитвата и крстот имаат позитивно влијание врз човекот. Кај испитаниците дошло до стабилизирање на притисокот и подобрување на резултатите од анализите на крв.

Зачудувачки е фактот што показателите се менувале во точно потребниот правец за исцелување . На лицата со хипертензија им се намалувал притисокот додека на оние со хипотензија им се зголемил.

Меѓу другото овие научници дошле до заклучок и дека позитивниот резултат бил многу низок или воопшто немало доколку човекот се прекрсти, односно немарно ги постави трите прсти и не ги допре неопходните точки на своето тело: средината на челото, централниот дел над желудникот како и длабнатините на левото и десно рамо.

За време на долгогодишното истражување вршени се мерења на оптичката густина на водата пред и по осветувањето со крстот.

-Се покажа дека оптичката густина на водата во споредба со нејзината нормална вредност се зголемува по ритуалот. Водата како да ги разбира зборовите и го памети тоа влијание. Човечкото око не може да ги регистрира овие исцелителски промени, но спектографот дава објективна оценка за појавата, нагласува Малаховска.

 А1on.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1