Семејна расправија остави половина село без вода.Повеќе од четири месеци селаните од плачковичкото село Калузлија немаат вода. Исмаил Идриз вели дека му е познато кој намерно со трактор и со секира на неколку пати го сече цревото кое поминува низ една од нивите, јавува Алфа.
Без вода нема живот-реагираат семејства кои се без вода. Тврдат дека се приморани и по 16 километри да патуваат за да наполнат вода од соседното село Козјак.
Проблемот и е познат и во комуналното претпријатие Плачковица во општина Карбинци. На неколкупати пријавувале во полиција за штетите предизвикани од сечењето на водоводните црева.
Да биде проблемот поголем, намален е и дотокот на вода во селскиот резервоар. Решението се бара во проект со кој на селаните од Калузлија ќе им се обезбеди вода од детското одмаралиште на Плачковица.