Ова се 9 богаташи во Македонија – на сметките имаат милиони (Фото)


Ова се дветте најголеми македонски милионери. Тие се или директори на најголеми фирми на територијата на Македонија или поседуваат голем број акции. Европската компанија за истражување на богатство Велт Х,  обелодени дека во Македонија има 35 мултимилионери. Нивното богатство вредело вкупно 4 милијарди долари, покажува истражувањето. Или во просек секој од нив располага со над 100 милиони долари.

milioneri

Меѓу најбогатите на листата се Минчо Јорданов, прв човек на „Макстил“, Кочо Анѓушев сопственик на „Брако“, но и на уште неколку компании, а е дел и од ЕФТ Македонија, Штерјо Наков, од „Фершпед“, Живко Мукаетов, од „Алкалоид“, Шефки Идризи, газдата на „Ренова“, Сашо Давитковски прв човек на „Скопски пазар“, Душко Туџаров, од Групацијата „Реплек“, семејството Тодоровиќ сопственици на „Тинекс“ и новиот синџир дрогерии „Космо“ и Благој Механџиски сопственик на „Зегин“ веледрогеријата.

Minco Jordanov(1) 1.Минчо Јорданов – најбогатиот човек во Македонија. Тој својата кариера ја започнал во 1992-ра година каде што бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор. Од 1994 година, тој е член на Бордот на директор и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Веќе во 1997-ма година станува претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува 23.22 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР.

Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.

sterijo nakov2.Штерјо Наков – е вториот најбогат бизнисмен во Македонија. Тој поседува шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“.
Моменталната вредност на акциите на Наков се проценува на 3.5 милиони евра.

Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании.

koco-angjusev-mji-05

3.Кочо Анѓушев – еден од основачите на “Брако“ од Велес. Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт – Велес.

Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“.

Во 2003 година Анѓушев го основа претставништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија.

Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев.

zivko mukaetov

4.Живко Мукаетов –

главен менаџер на “Алкалоид“ и поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во комапнијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра.

Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра.

Шефки Идризи5. Шефки Идризи – еден од најбогатите тетовци. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско-услужна фирма. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се’ поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готовите малтери.

Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.
Фирмата на Идризи е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.

saso davidkovsko skopski pazar6.Сашо Давитковски – првиот човек на “Скопски пазар“. Тој поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ. Заедно Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

dsko tudarov7.Душко Туџаров

дел од групацијата “Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто.

Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите.

Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

kristina todorovic8.Кристина Тодоровиќ –

генерален директор на синџирите “Тинекс“ и дрогериите “Космо“.

Се смета дека вредноста на акциите на “Тинекс“ околу 80 милиони евра, кои се наменети за развој и проширување на бизнисот.

mehandjiski

9.Благој Механџиски –

основач на “Зегин“, прва приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989-та година.

Се’ до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери.

Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“.

Puls 24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1