Бројот на жртвите од нападот на трговскиот центар во Најроби се искачи на 59 лица. Над 200 се повредени а акцијата на полицијата која ја обиколи зградата успеа да спаси голем број на посетители кои ги евакуираше од трговскиот.
Во популарниот трговски центар имало меѓу 10 и 15 напаѓачи, кои држеле и заложници. Сомалиската група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот и соопшти дека нема да има преговори меѓу нејзините членови и кениските безбедносни сили.
Групата на твитер напишала дека Кенија многу пати била предупредуванa да ги повлече војниците од Сомалија но не го сториле тоа и затоа мора да биде казнета.
Кенија испрати свои сили во Сомалија како поддршка на локалните власти во борбата против исламистичките екстремисти.