Очевидци раскажуваат дека во областа Меѓугорје во Босна и Херцеговина, свети статуа на Пресвета Богородица стара 40 години, сопственост на локалната видовита жена.
Веста за ова „чудо” брзо се раширила и илјадници верници се собрале пред нејзината стара семејна куќа.
– Статуата свети, ја осветлува целата соба. Невозможно да се слика, т.е. на фотографиите не се гледа ништо.
Неколку професионални фотографи ја фотографираа со најдобрите можни апарати, но ни тие не можеа да ја уловат светлината. На фотографиите се покажува само статуата.
Илјадници луѓе во неколку минути го дознаа тоа и почнаа да доаѓаат. И сега иста е ситуацијата. Со еден збор чудо! Камен статуа од 40 години почна да свети, изјавил локалниот жител Матео Иванковиќ.