Ги следиме процесите но немаме одлука да градиме нуклеарна централа. Вицепремиерот Пешевски вели, за такво крупно прашање ќе одлучуваат граѓаните на референдум. Со земјите од регионот се разгледувала можноста за заедничка соработка во делот на нуклеарната енергија.
Од меѓународната агенција за атомска енергија велат дека регионот сеуште не е подготвен за изградба на нуклеарка. Ниту инфраструктурно ниту финансиски.
Ние немаме никакви сознанија дека во овој регои ќе се изгради нуклеарна централа. Има земји кои се подготвуваат за тоа во смисла на техничка подготовка и разбирање на сите можни опции, како и изградба на неопходните кадри. Една од нив е и Македонија. Во регионот имаме земји кои веќе имаат нуклеарни централи како што се Бугарија, Словенија и Хрватска, како и земји кои се подготвуваат да ги прошират своите нуклеарни капацитети вели првиот човек на МААЕ, Иван Виденовиќ.
Во регионот веќе има нуклеарка која ја менаџираат две држави. По Кршко од атомска централа струја произведува и Бугарија.