Публиката дефинитивно може да очекува продолжение. Всушност тоа веќе почна да се снима, а доказ за ова е фотографијата која ја постави самиот Џим Кери.
Продолжението ќе биде насловено „Dumb and Dumber To“, а во него Хари и Лојд ќе тргнат во нова авантура која ќе вклучи барање на донатор за бубрег.
Сè уште не е познато кога точно ќе биде прикажан филмот.