Британски научници веруваат дека пронајдоа докази за живот надвор од планетата Земја, откако испратија балон за собирање материјал и податоци во стратосферата.
Тим од британски научници испратија посебно иновиран вселенски балон 27 километри во внатрешноста од стратосферата, кој успеа да собере мали биолошки организми. Тие сметаат дека таквите организми можат да дојдат само од далечната вселена.
Водачот на тимот, професорот Чендра Викрамесинџ самиот го иновираше балонот и го прати во вселената за време на метеорски дожд. Тој тврди дека собраните организми се донесени во стратосферата преку метеорите, пренесува Daily Mail.
„Вакви биолошки форми не се никогаш забележани во стратосферата“, тврди професорот Чендра. Тој додава дека таквите форми на живот патуваат од планета на планета, носени од страна на кометите или метеорите.
Иако британските научници сметаат дека „живите“ честички се доказ за постоење на живот надвор од Земјата, односно постоење на вонземјани, многумина скептици тврдат дека тие организми потекнуваат од Земјата и дека воопшто не претставуваат никаков доказ за било какво постоење на вонземски живот.
Taratur.com