Македонците ќе се отцепуваат од Октиси за да станат дел од Вевчани


Православните Македонци што живеат во струшкото село Октиси сакаат да формираат сопствена месна заедница, која ќе се приклучи на општината Вевчани. Ваква иницијатива била поднесена на неодамнешниот состанок на претставниците на македонското население откако во оваа село се случија меѓурелигиски тензии за изградбата на православниот параклис, пишува Дневник.

oktisi– На тоа се решивме бидејќи гледаме дека проблемите што се појавиле не се решаваат. Не се дозволува изградбата на црквата, а проблемите имаат и други наши жители. Во таква ситуација не гледаме друг начин, освен да се одвоиме од остатокот од селото и да ја смениме општината – ни изјавија претставници на овој дел од населението.

На состанокот било договорено да се ангажира посебен адвокат кој ќе направи елаборат за оправданоста на постоењето нова и самостојна месна заедница. Потоа тој елаборат ќе оди по предвидената процедура, која треба да заврши така што би се добила правна согласност со која новата месна заедница би влегла во друга општина.

Според нив, најважно е што спорниот параклис се наоѓа на предвидената територија на новата месна заедница, па затоа би се отстраниле и проблемите за попречувањето на неговата изградба.
Инаку, во Октиси, според пописот од 2002 година, имало околу 2.500 жители, од кои 955 се со православна вероисповед, а другите се со исламска.

Повеќе на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1