Откорнати надгробни плочи, искршени гробови, украдени христијански обележја. Во ваква сосотојба жителите од Џепчиште утринава ги затекнале православните гробишта, лоцирани во црковниот двор од храмот Свети Атанасиј.
Православните обележја и објекти во ова село се честа мета на вандалите, велат мештаните. Тие сметаа дека ваквите сквернавења најчесто ги вршат малолетници, за кои полицијата ништо не презема, па така престапниците си земаат за слобода да прават што сакаат во божјите храмови, јавува Телма.
Ваквите зачестени вандалски чинови не се прават поради материјална корист, затоа што претежно црквите во овој дел од тетовско немаат ниту пари ниту некои поголеми скапоценитости.
Тетовско Џепчиште брои околу 20000 жители, село главно населено со албанци ,меѓу кои има и 20 тина жители македонци









