ВИДЕО: Тргателна средба – и ги вратил парите на бабата кои ги украл неговиот татко


Кога минатиот месец во куќата на Кристијан Лансфорд од Оклахома  заѕвонил телефонот, Кристијан не се јавил, затоа што знаел дека неговиот татко повторно има проблеми со законот. И навистина, Шејн Лансфорд бил фатен, овој пат затоа што ограбил старица на гробишта.

pari babaТона Херндон (78) само што го изгубила сопругот со кој била во брак 60 години и се молела крај неговиот гроб кога одеднаш крадец и ја зел торбата во која имала 700 долари.

Кога неговиот син слушнал за инцидентот, се сетил дека неговиот татко неодамна му дал 250 долари да оди на пат со својот бенд.

-Не знаев дали парите се негови или нејзини, но знаев дека морам да и ги дадам, колку силно и да сакав да одам на пат. Размислував дали еден ден ќе завршам како мојот татко- истакна Кристијан кој ја повикал старицата и со неа договорил средба на паркингот на црквата во градот Мур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1