Тесла бил против ГМО: Патентирал природен начин да ја нахрани планетата


Никола Тесла бил свесен дека прехранувањето на човештовото на планетата ќе биде проблем со самиот раст на светската популација, уште на почетокот од 20 век размислувал како науката да ја сврзе со производството на храна! За тоа зборел во 1900 година точно пред 113 година и тогаш Србинот го дигнал својот глас против производството на вештачката храна.

„Илјадници зла можат да се променат, но сите заедно… не можат да бидат рамни на едно и единствено: Недостатокот на храна, која предизвикува глад и сиромаштија“. Овие зборови Никола Тесла ги напиша во својот славен есеј, „Проблем со зголемената човечка енергија“ , кој ја објави во 1900 година.

nikola teslaСто години подоцна 8 септември 2000 година, Обединетите нации ја усвоија Милениумската декларација во која дефинираа осум развојни цели кои треба да се остварат до 2015 година, во која како прва цел е дефинирано искоренувањето на екстремната сиромаштија и глад.

Недостаток на здрава храна

Статистиката говори дека сиромаштијата е преполовена во однос на 1990 година и дека размерите на глад се намалени, иако и денеска во светот околу 900 милиони луѓе гладуваат.

tesla knigaОвој напредок е создаден пред се со здружени сили на државите членки на Обединетите Нации и нејзините организации и голем број на корпорации и филантропски акции, во кои учествувале и некои од најбогатите поединци на планетата. Тесла не мислел на апсолутен недостаток на храна, туку само на недостаток на здрава храна, добра и обилна храна, како и чиста вода за пиење, за која мислел дека може да се добие со усовршување на електрични уреди кои на ефтин начин би произведувале озон, како идеално средство за дезинфекција. Затоа во 1900 годигна го дигнал гласот против производството на вештачка храна, образложувајќи дека човечкиот род претставува „резултат на постојана вековна адаптација.

Не можеме радикално да се промениме без непредвидливи и катастрофални последици“ кои би донеле „несигурен експеримент“, со производство на вештачка храна, поради што не би требало ни да се обидуваме.

Загрозување на интересите на капиталистите

Затоа Тесла се залагаше, на прво место, да ја зголеми плодноста на обработливото земјиште и заштитата на шумите, бидејќи „земјата не може бескрајно да дава живот“, по што побарал начин да се додадат супстанци во истата кои од нив ги земаат билките. Тој мислел на азотни соединенија кои во нашата атмосфера треба да „оксидираат и да ги произведеме“.

Решението го видел во користењето на струјата со висока фрекфенција и производството на атмосферските електрични празнења, во што се уверил за време на тајните експерименти во Колорадо Спрингс во 1899 година. Работите тргнале во спротивен правец поради низа причини, при што интересите на корпорацискиот капитал имале важна, можеби и пресудна улога. Тоа не го обесхрабрило Тесла и продолжил со истражувањата во областа на здравата, добра и обилна храна. Конечно на 23 јуни 1938 година ја регистрирал и заштитил брендот „Factor Auctus“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1