Четиригодишно момче починало откако добило доста ретка, но смртоносна инфекција амеба која го „јаде мозокот“. Трагичниот инцидент се случил во американската сојузна држава Луизијана, а го потврдија локалните здравствени служби.
Официјалните лица сметаат дека момчето кое потекнува од Мисисипи најверојатно дошол во контакт со опасната Naegleria fowleri амеоба, додека се пуштал од тобоганот во вештачкиот базен во округот St. Bernard, каде веднаш се започнало со третирање на локалниот водоводен систем.
Сепак службата потврдила дека за утврдување на смртта ќе се почека, откако ќе бидат проверени цевките. Ова е веќе втора ваква трагедија на смрт на дете, во период помал од две недели. Минатиот месец истиот паразит убило 12 годишно дете Зачари Рејне. Трета жртва од истиот напасник е 12 годишното Кали Хардиг од Арканзас, но за среќа успеа да ја преживее инфекцијата во јули. Во периодот меѓу 2001 и 2010 година, се забележани се на се 32 случаи на инфекции на амеоба Naegleria fowleri во САД.
Ваквата амеба влегува во човечкото тело низ носот и потоа патува преку мозокот. Нема опасност доколку истата се пренесе преку внесување на мала количина на заразена вода, сметаат експертите, кои настојуваат да ги смират тамошните жители. „Оваа инфекција е една од најсмртоносните за кои се знае“, вели доктор Дирк Хаселов од министерството за здраство во Арканзас, наведувајќи дека дури 99% од луѓето кои ќе ја превземат умираат.