Видео: Црв паразит излегува од мртов пајак – лекарите велат ги има и во луѓето


Кога YouTube корисникот Brent Askwith видел огромен пајак дома, одлучил да го испрска со средство и да го убие. Но откако го убил пајакот останал стаписан. Од пајакот излегол огромен црв. Брент снимил и снимката ја поставил на интернет со наслов “WTF IS THIS?!?” а црвот го нарекол ,, црв вонземјанин,,

pajakНовинарите снимката ја испратиле до научници и лекари кои им дале изјава дека тоа е  паразит познат како nematode, познат и како roundworm. Овој паразит на видеото е поголем отколку што е вообичаено, ентимолог од Харвард,  Dr. Brian Farrell изјавил дека овој паразит го имаат и луѓето – секој човек има во себе илјадници ситни nematodes.

“повеќето од нив немаат никаков ефект и човекот е комплетно несвесен за нивното присуство,, изјавил докторот за Хафингтон пост. Сепак има неколку подвидови кои се големи и предизвикуваат болести како trichinosis.”

Но одредени паразити влијаат на однесувањето на животните. Пример еден од нив кои влегува во мравките ги тера да се качуваат високо на дрвото како би биле изедени од птици за да можат да влезат во птиците на тој начин.

“мој фаворит меѓу овие паразити е Toxoplasma gondii, тој ги инфицира мачките (и затоа бремени жени не смеат да се околу мачки како мерка на претпазливост) но истиот паразит ги инфицира и глувците и влијае на нив така што ги прави да не се плашат од мачките и не бегаат, па откако мачката ќе го изеде глушецот тие така си наоѓаат нов домаќин.

Лекарите изјавиле дека луѓето се исто така жртви на овие паразити кои некогаш во голем број го зафаќаат човековото тело.

Вознемирувачко Видео: Живи црви паразити живеат во човекот – 3 год момче морало на операција

Ова е Видеото од пајакот од кого излегува паразит

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1