Со една лименка Кока Кола дневно – се дебелеете 5 килограми годишно (ВИДЕО)


Дoбро е познато дека газираните сокови се прави калорични бомби, но малку се оние кои се свесни дека прекумерното внесување на шеќер доведува до таложење на сало во телото.

coca cola fat2

Одлучна да ги промени лошите навики на исхрана кај своите граѓани, Австралија направила кампања против газираните сокови.

Авторите на овој шокантен спот се надеваат дека на овој начин луѓето конечно ќе ја сфатат врската помеѓу шеќерот и дебелеењето.

Изборот на спот за превентивната кампања на австралиското Министерство за здравје е многу директен и потсетува на некои од најдрастичните реклами против пушење.

Имено, видео спотот кој предупредува од опасноста на шеќерот, прикажува еден млад човек кој отвара лименка и содржината ја истура во чаша. Но наместо газиран сок, од лименка тече маст која тој радосно ја проголтува.

На снимката потоа се појавува чинија полна со масти и со порака: „Со внесување на една лименка газиран сок дневно, се дебелеете пет килограми годишно“. Исфрлете ги газираните сокови од вашата исхрана. Заменете ги со вода или немасно млеко.

brkajrabota.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1