Фановите на Тоше и вечерва се собраа на градскиот плоштад, да искажат почит, да се сетат на најдоброто нешто што и се случило на македонската музика.
На големиот видео бим, се слушаа песните од Тоше, се палеа свеќи, се чувствуваше голема сплотеност.На неговите песни се уште не можеме да ги сопреме солзите, а при мисла за несреќата не лазат морници. Македонија никогаш нема да го заборави прекрасниот човек со глас како славеј, а душа како анѓел.
Сакаме да му ја исполниме желбата, секоја година да не има се повеќе на негов концерт. Судбината не ни го овозможи тоа. З атоа со мал пламен правиме ѕвездено небо, кое се надеваме дека го гледа од таму, горе.
Погледнете го видеото на Канал5.мк