Саудискиот проповедник Фајхан ал Гамди е осуден за убиство на својата пет годишна ќерка која ја претепал до смрт. Тој е осуден на осум години затвор и 600 удари со камшик. Самопрогласениот верски водач според медицинското досие ѕверски постапувал кон своето дете.
Покрај модрици и гребаници по целото тело, таа имала и скршено ребро, искорнат и бил еден нокт, а имала и повреда на черепот. Имала траги од горење на кожата. Злоставувањето се случувало додека ќерката била со таткото, кој е разведен од мајката на девојчето.
Наводно ал Гамди се сомневал дека неговата ќерка ја „изгубила невиноста“, а според некои наводи можно е и тој самиот да ја силувал, иако тоа нејзината мајка го негира. Активистите за човекови права веднаш покренаа кампања откако судијата кој го разгледувал случајот изјавил дека според исламските закони татковците не можат во целост да бидат виновни за смртта на своите деца.
Случајот беше објавен во сите светски медиуми, а како резултат на тоа направени се и незапаметени измени во законот за семејно насилство во земјата. Станува збор за многу конзервативно и патријархално општество во кое за вакви случаи се молчи и главно минуваат неказнето.Со измените на законот е направен првиот чекор за ваквите злосторства да излезат од „четирите ѕида“ на семејните домови, но активистите тврдат дека сега треба да се види колку законот ќе се применува во пракса.
Денешен