Вечерва во Скопје се случила тепачка поради која полицијата морала да ја блокира улицата, а сообраќајот да го пренасочи, пренесува Република.
Околу 19 часот започнала тепачка помеѓу две групи на скопскиот булевар „Трета македонска бригада” и полицијата го блокираше булеварот од фабриката „Раде Кончар” кон населбата Лисиче.
Според Република, дел од учесниците во тепачката се приведени, а полицијата е на терен. Според сознанијата, станува збор за ученици. Две лица со телесни повреди се префрлени во Ургентниот ценар во Скопје, а двајца се приведени во полиција.
МВР најавува дека подоцна ќе излезе информации.