Претседателот ја побарал сопругата ја калинката како симбол на сплотеност
Претседателот Ѓорѓе Иванов ја запросил својата сопруга Маја со калинка, пишува утрешен „Вест“
– Калинката ми асоцира на понуда на брак. Мојот сопруг ми предложи брак со калинка и со зборовите: ‘Како што се сплотени зрната во калинката така да бидеме сплотени и ние цел живот’, и еве, пред два дена наполнивме 23 години брак, па оваа формула со калинката е испробана”, рече Маја Иванова за „Вест“.
Сопругата на претседателот, како што наведува весникот, им порача на младите брачни двојки да ја земат калинката како симбол на сплотеност и заедништво.
Извор: Вест /Телеграф