Почитувани,
Имам проблем кој сигурна сум го имаат и некои други мегутоа се пласат да го посочат. Вработена сум по договор во државно основно училиште во Скопје и иако требаше веке да сум вработена, се уште не сум.
Се работи за нов систем кој го имаат во завод за вработување, и наместо како порано веднаш да им стават печат на документите и со истите во УЈП, сега документите се задржуваат со денови па и повеке од месец некогаш. Значи се работи за нов систем, но очигледно тој систем не функционира како што треба, бидејки дел од вработените со договор (наставници и хигиеничари) остануваат со месеци без работа, т.е. со работа ама без плата.
Во завод за вработување, Г-га Јадранка Стојчевска е одговорна за прифакање на документите од основните училишта. Овој проблем го има не само секретарката од моето училисте, туку и секретарките од другите училишта. Ве молам, ова да го изнесете на виделина, затоа што мислам дека ова е намерно како државата би спасила некој денар овие месеци на штета на вработените.
Дури се чудам како може училиште како моето каде се потребни двајца наставници по математика, два месеци веке да фигурира како вработен само еден наставник по математика на толку многу паралелки. Па тоа е несмислено.
Ви благодарам,
п.с. Се надевам дека ке имате разбирање за мојата дискретност, со оглед на тоа дека во оваа држава е наметнат стравот од губење работа ако прозбориш 🙁
Писмо од читател