Едвај спасивме жива глава – изјави вознемирената Петрушевска, која избегала од куќата по куќна наметка, за Телеграф.
Пожарникарите го ставија огнот под контрола и го расчистуваат теренот. Домот попладнево го посетија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со членови на Советот и општинската администрација.Општинската прес-служба соопшти дека Беличанец-Алексиќ ветила еднократна финансиска помош за семејството, а еднократен надомест ќе даде и општинскиот совет.
Повеќе фото на – Телеграф.мк