Златна треска и во Македонија – Kарпи со златни нишки излегуваат од Иловица


Тенки златни нишки и со голо око видливи кријат карпите на Иловица, која се издига над истоименото село во општина Босилево. Kоријата прекриена со ниско дабово дрво за неколку години, според најавите, треба да стане еден од поголемите рудници за злато и бакар во Југоисточна Европа и прва гринфилд-инвестиција од таков тип во рударството во Македонија, пишува Дненвик.

Ридот веќе сега е избразден со тешко пристапни земјени патишта пробиени за да можат да се вршат испитувањата, кои овде траат од 2004 година. Во овој период се направени 71 дупчење, од кои најдлабоката е 722 метри. И сите тие ги потврдија очекувањата дека падините на Огражден кријат големи резерви на злато и на бакар.

zlato ilovicaНајновите истражувања, потврдија потенцијал од 184 милиони тони руда. Kако што соопштија од канадската компанија „Еуромакс рисорсис“, која ја има концесијата за истражување и за експлоатација на бакар и на злато за период од 30 години и која најавува инвестиција од 500 милиони долари. Од длабочина од 400 метри со посебна дупчалка се вадат примероци од карпите, кои на самото место геолошки се опишуваат, а потоа се испраќаат на анализа во специјализирана лабораторија.

Минералите на бакар се видливи и на карпите по патот по кој секојдневно се искачуваат работниците до најновото наоѓалиште. Локалитетот Иловица од 2017 година, кога се планира да започне експлоатацијата на рудата, ќе биде површински коп, од кој постапно ќе се врши ископ на рудата која ќе се третира со метод на преработка познат како флотација, односно истата ќе се дроби и ќе меле и од неа ќе се добива концентрат, кој потоа ќе се топи во специјализирани топилници.

Со почетокот на експлоатацијата се планира да се вработат меѓу 300 и 400 луѓе, при што приоритет за вработување ќе имаат обучените и квалификувани кадри од локалното население од населените места Иловица и Штука и од општините Босилово и Ново Село.

Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1