Индија прогласи највисок степен на вонредна состојба бидејќи денеска и се заканува моќен циклон на источниот брег на земјата. Порадио опасноста евакуирани стотици илјади луѓе, јавија официјалните лица.
Циклонот „Фаилин ” се приближува со брзина од 240 километри на час и има потенцијал да биде најсилната бура во оваа област во последните 14 години, која ќе го подигне нивото на морето од и до три метри, соопшти АФП.
Силни ветрови и пороен дожд веќе ги погодиле индиските држави Ориса и Андра Прадеш каде што дрвјата под налетите на ветрот паѓале како пердуви.
Помош пристига од сите страни, војската и волонтери од Црвениот крст се мобилизирани и подготвени за вонредна состојба.
Циклонот ќе ја погоди сиромашната крајбрежна област, полна со колиби, која беше тешко оштетена во 1999 година со бура во кој загинаа повеќе од 8.000 лица и 445.000 грла добиток.
Нетпрес