Индија прогласи највисок степен на вонредна состојба бидејќи денеска и се заканува моќен циклон на источниот брег на земјата. Порадио опасноста евакуирани стотици илјади луѓе, јавија официјалните лица.

Силни ветрови и пороен дожд веќе ги погодиле индиските држави Ориса и Андра Прадеш каде што дрвјата под налетите на ветрот паѓале како пердуви.
Помош пристига од сите страни, војската и волонтери од Црвениот крст се мобилизирани и подготвени за вонредна состојба.
Циклонот ќе ја погоди сиромашната крајбрежна област, полна со колиби, која беше тешко оштетена во 1999 година со бура во кој загинаа повеќе од 8.000 лица и 445.000 грла добиток.
Нетпрес