Македонското знаме запалено во Гостивар


zname_zapaleno-300x207

Непознат сторител го запалил знамето на Република Македонија кое било истакнато на јарбол пред зградата на дирекцијата на ХЕЦ Маврово Случајот го потврдуваат и од СВР Тетово, чии екипи извршиле увид утрово, веднаш по пријавувањето.

Според првичните сознанија, знамето најверојатно било запалено ноќеска, а прв го забележал вработен во чуварската служба, кога утрово доаѓал на работа.

На трите јарболи покрај државното, биле истакнати и албанското и знамето на компанијата, кои не биле оштетени.
Собрани се повеќе  траги  за вештачање и спроведени се активности за откривање на сторителот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1