Комичарот Виталиј Здровитцки одлучил да сними видео за лошите начини за пристапување на девојките, но испаднало нешто сосема друго.
– Еј, здраво! Симпатична си, би сакал да те однесам на вечера”, вака Виталиј започнал да разговара со девојката, а таа, очигледно незаинтересирана, му одговорила дека “обично не излегува со луѓето на вечера”.
– Добро, тогаш ништо, се гледаме”, изјавил разочараниот Виталиј, заминувајќи кон својот луксузен автомобил.
Токму во тој момент се случува пресвртот, поточно кога девојката се уверува дека автомобилот е од Виталиј посакува да вечера со него.
– Нема да може, извини, не сакам спонзоруши!”, изјавил Виталиј и си заминал!