2 год дете еден месец живеело со семка во белите дробови – драма на клиника за да го спасат


Двегодишно дете од внатрешноста еден месец живеело со семка од тиква заглавена во белите дробови. Во веќе тешка здравствена состојба вчера било донесено на Клинката за уво нос и грло, пишува zdravstvo24.mk.

Тимот за интервентна ендоскопија за половина час колку што траела интервенцијата, го извадиле страното тело. Како што велат од тимот за zdravstvo24.mk, детето ќе престојува на Клиниката до понеделник кога ќе му биде направена уште една контрола.

ordinacija lekarГолготата на ова дете почнала пред 30 дена кога родителите му давале семки од тиква. Тоа се закашлало и од тогаш почнале интензивни кашлици. Еден месец пиело антибиотици за силната кашлица. Имало и отежнато дишење, а како што велат лекарите на рендген не може да се види семката заглавена во белите дробови. Лекари од внатрешноста кои го лекувале детето велеле дека не му било ништо.

Интересен податок е што речиси во сите поголеми градови во државата има апаратура за интервентна ендоскопија. Но засега овие интервенции со висок ризик ги прават само на Клиниката за уво нос и грло. Лекарите уште еднаш со укажување и препорака до родителите да внимаваат што им даваат на децата. На оваа клиника постои лепеза на страни тела извадени од мали деца.

Пред само неколку месеци истиот тим кој вчера интервенирал едвај го спасија 7 годишното дете од Кичево кое играјќи си го голтнало свирчето кое се заглавило во белите дробови. Пред една година животот беше спасен и на едногодишно дете кое, пак, си играло со зрна грав и едно од нив завршило во неговиот душник. Лекарите со предупредување дека кај вакви случаи ако не се интервенира навреме тие може да завршат фатално.

Во некои од развиените земји постои закон со кој родителите се казнуваат за вакви случаи, сметајќи го тоа како родителска негрижа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1