Министерството за внатрешни работи потврди дека вечерва во 18 и 30 часот во близина на село Љуботен припадници на Шумската полиција и мобилната единица Алфи забележале поголема група луѓе за кои претпоставувале дека се дрвокрадци, кои отвориле оган во правец кон полицијата и се дале во бегство.
Повредени нема.
Полицијата трагаше по групата во вечерните часови. Нема приведени, а потешкотија претставувало во потрагата стемнувањето и конфигурацијата на теренот, односно шумскиот предел.