Лицата кои пукаа во Алфите побегнале – МВР ги бара


sumska-policjaМинистерството за внатрешни работи потврди дека вечерва во 18 и 30 часот во близина на село Љуботен припадници на Шумската полиција и мобилната единица Алфи забележале поголема група луѓе за кои претпоставувале дека се дрвокрадци, кои отвориле оган во правец кон полицијата и се дале во бегство.

Повредени нема.

Полицијата трагаше по групата во вечерните часови. Нема приведени, а потешкотија претставувало во потрагата стемнувањето и конфигурацијата на теренот, односно шумскиот предел.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1