Партиски фанатици, верски фанатици – потенцијални убијци – Македонија е склад за нелегално оружје?


Колку нелегално оружје има во Македонија никој не знае. Полицијата е во постојана борба со лицата кои тргуваат и неовластено имаат оружје кај себе. Тоа се’ почесто се употребува во апсурдни ситуации во кои има и жртви, јавува Дојче веле.

Секое трето семејство со едно парче оружје

pistol pariМедиумите речиси секојдневно пренесуваат вести за убиства, обиди за убиства или кражби извршени со нелегално оружје. МВР признава дека има околу 170 илјади парчиња нелегално оружје, а од невладината „Цивил“ децидни се дека во Македонија има меѓу 170 до 300 илјади парчиња нелегално оружје. По конфликтот од 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор „Цивил“ прва во Македонија го истакна проблемот со нелегалното оружје.

Оправдан е и стравот дека оружјето ширум Македонија од визбите и подрумите лесно може да биде злоупотребено.

„Поопасен од присуство на оружјето е фактот дека расте подготвеноста оружјето да се употреби, дури и во крајно апсурдни и банални животни ситуации. Тоа е областа каде што треба да се фокусираме, како да се надмине култот кон оружјето и насилството, односно да се понудат поинакви решенија за проблемите на луѓето“,  вели претседателот Џабир Дерала. Загрижува слободната статистика дека во просек едно парче оружје му припаѓа на секое трето семејство во Македонија.

Лани се регистрирани 8 убиства извршени од лица кои оружјето го поседувале нелегално. 

Постои ли профил на потенцијален убиец?!

pistol sredna„Не е прашањето дали постојат потенцијални убијци, туку колку ги има? Најчесто во оваа група припаѓаат неколку категории граѓани“, изјави за Дојче веле Станислав Петковски- Сашо, специјалист по медицинска психологија од Скопје.

Според Петковски тука се луѓето кои имаат слаб контакт со реалноста или се во психоза, луѓето кои поради проблем со моралот и етичноста имаат развиено антисоцијална или психопатска структура на личност која не го почитува и не го вреднува туѓиот живот.

Главно нивната цел им е важна и се’ што ќе се најде на патот, ќе го поместат, а ако треба и ќе го убијат. Вакви личности во овие 20 години се’ повеќе се присутни поради распадот на системот, немоќта на родителите во општиот хаос да преземат интервенции, недостатокот на љубов и емпатија. Има и луѓе кои поради партиски, етнички или верски верувања се толку радикализирани што оние кои се во спротивниот табор ги доживуваат како непријатели кои треба да се елиминираат. Докажано е дека луѓето не убиваат луѓе, туку симболи. Системот во Македонија нема доволно ресурси за ефикасна превенција на ваквата состојба, ниту материјални средства и експерти кои би се вклучиле во овој процес“, заклучува Петковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1