Двајца кандидати за градоначалници имале иста љубовница


Новозеландскиот град Оукленд го тресе секс-скандал. Имено, поранешната љубовница на градоначалникот Лен Браун, постелата ја делела и со советникот на неговиот најголем политички ривал, јави Си-Ен-Ен. Ваков скандал досега не е забележан во политичката историја на Нов Зеланд, каде што, инаку, приватниот живот на политичарите е надвор од досегот на медиумите и јавноста.

ljubovnica gradonacalniciГрадоначалникот Браун е оженет и има три деца, а откако се дозна за оваа секс-афера, воопшто не му е лесно. Сега се соочува со истрага на Градскиот совет чијашто цел е да утврди дали градоначалникот ги прекршил правилата на однесување. Освен тоа, секојдневно го повикуваат да си поднесе оставка од функцијата на која е избран пред само неколку дена.

Поранешната љубовница, 32-годишната Биван Чуанг, е неуспешна кандидатка за еден локален одбор и личноста која и ја откри аферата на јавноста. Сега вели дека се кае што ја објавила приказната и го загрозила градоначалникот. За се го обвинува блогерот кој ја објавил приказната и Луиџи Вевиџ, советникот во кампањата на главниот ривал на Браун во трката за градоначалник, со кого, како што вели, исто така била во љубовна врска. Бев будалеста и сега се чувствувам искористена, злоупотребена и изманипулирана. И тоа од луѓе за кои мислев дека ми се пријатели, а кои зедоа делови од она што го кажав за да си ги унапредат политичките позиции и да соберат валкани работи,, изјави Чуанг.

Браун јавно, на телевизија, потврди дека имал вонбрачна врска и пораба приватност додека не ја реши ситуацијата со своето семејство. Изјави дека нема да поднесе оставка, а објавувањето на приказната го нарече јасен притисок” да се повлече и обид да биде уништен”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1