Постојат работи кои никогаш не смеете да ги делите со никого, од причина што во спротивно може да го загрозите вашето здравје. Дали знаете кои се?
Сапун
И покрај верувањето дека сапунот самиот чисти и дезинфицира, научниците советуваат да биде само ваше средство за хигиена. Зошто? Затоа што преку сапунот може да се пренесат бактерии.
Капи, шешири, кациги, четки и чешли
Сè што ставате на глава не треба да го делите со никој друг. Ова ја опфаќа и постелнината која ви ги допира лицето и главата. Важно е предметите да бидат само ваши, бидејќи тоа е хигиенски.
Антиперспиранти
Можеби спречуваат потење и лош мирис, но не содржат состојки кои би ги убиле потенцијално опасните бактерии. Токму затоа не смеете да ги делите антиперспирантите како ролоните и стиковите. Не заборавајте и дека пазувите се премногу чувствителни.
Прибор за нокти
Грицкалки, турпии, па и самите лакови за нокти не ги делете никогаш со пријателите. На ваквиот прибор бактериите лесно се собираат, а инфекциите брзо се шират. Приборот за нокти мора да биде во категоријата на предмети кои се само ваши.
Шминка
Пудра, коректор, маскара, сенка, кармин, сјај, моливче… ништо, ама баш ништо од ова не смеете да го делите, бидејќи овие производи се нанесуваат на лице, а кожата на лицето е исклучително чувствителна.
Брич
Треба ли посебно да се објаснува зошто вашиот брич никогаш не смеете да го делите со некој друг?
Четка за заби
Ова не смеете да го направите никогаш.
Слушалки, обетки
Ушите се многу чувствителни, а обетките и слушалките лесно собираат опасни бактерии. Тоа што го ставате на уши, чувајте го само за себе.