Петмина од затруените со печурки во тешка здравствена состојба


Петмина од затруените со печурки се наоѓаат во тешка здравствена состојба по масовното труење на осуммина членови од едно семејство од Тетово.

pecurka На Клиниката за токсикологија им била извршена промена на целокупната затруена плазма од крвта, а на секој од нив им биле дадени по 12 кесиња крвна плазма. Вкупно 60 кеси плазма биле донесени од Клиниката за трансфузиологија за да им се спаси животот на затруените, пренесува Нова.

Станува збор за млади луѓе, четворица од нив членови на потесно семејство од Тетово и нивни роднини. Една од затруените била донесена заедно со нејзиното петмесечно бебе, кое потоа е однесено на Клиниката за детски болести каде се наоѓа на опсервација. Станува збор за тешко труење на ова осумчлено семејство, за кое се претпоставува дека јаделе од една од најопасните печурки на овие простори, аманита.

Ова е едно од најмасовните труења со печурки, но поради сезоната на печурки не е исклучена можноста и за други труења велат лекарите Поради ова лекарите препорачуваат особена внимателност кога се берат и консумираат печурките кои се берат на отворено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1