Јелена Топиќ, девојката од градот Приједор во Република Српска, која цел месец стоеше во центарот на градот како жива статуа и која, според пишувањата на регионалните медиуми, „својата порака ја испраќаше со молчење“ денеска истакнала транспарент со кој бара маж за женење.
Претходно, нејзината постапка резултираше со лавина од коментари на социјалните мрежи. Додека едните и се восхитувале оценувајќи дека на тој начин протестира зашто не може да најде вработување, другите мислеле дека станува збор за некаков перформанс, имало и такви кои и нуделе брак.
Јелена Топиќ има 28 години, завршила два факултета и последните 20 дена молчејќи стои на кутијата на сред градскиот плоштад во Приједор.
И тоа е повеќе-помалку се што се знае за оваа девојка која ги збунува граѓаните и која пред две годни во локалниот медиум е претставена во циклусот „млади и успешни“.
Таа е дипломирн екномист која тогаш била при крајот и со другите студии, на отсекот филмска и ТВ режија на Академијата за уметности во Бања Лука.
Од друга страна за своите моментални постапки кои ги вклучува стоењето на плоштадот и гледање во една точка во тишина, што почна во почетокот на октомври, не се знае ништо. Таа одбива да комуницира со медиумите или минувачите, но се претпоставува дека е во прашање личен протест поради невработеноста во земјата.
Понекогаш во протестот и се придружуваат и минувачите, во една прилика и на главата имала картонска кутија, а понекогаш со себе носи транспарент на кој стои дека таа гласно моличи или дека никој не би ја чул и ако проговори.