jelenaОткако стана една од главните теми во регионот, Јелена денеска, како што пишува српскиот „Блиц“ истакнала транспарент со натпис: „Дали некој сака да ме жени?“

Претходно, нејзината постапка резултираше со лавина од коментари на социјалните мрежи. Додека едните и се восхитувале оценувајќи дека на тој начин протестира зашто не може да најде вработување, другите мислеле дека станува збор за некаков перформанс, имало и такви кои и нуделе брак.

Јелена Топиќ има 28 години, завршила два факултета и последните 20 дена молчејќи стои на кутијата на сред градскиот плоштад во Приједор.

jelena-dobila-drustvo-prijedorcanka-u-svom-svakodnevnom-performansu-1382474773-385483И тоа е повеќе-помалку се што се знае за оваа девојка која ги збунува граѓаните и која пред две годни во локалниот медиум е претставена во циклусот „млади и успешни“.

Таа е дипломирн екномист која тогаш била при крајот и со другите студии, на отсекот филмска и ТВ режија на Академијата за уметности во Бања Лука.

Од друга страна за своите моментални постапки кои ги вклучува стоењето на плоштадот и гледање во една точка во тишина, што почна во почетокот на октомври, не се знае ништо. Таа одбива да комуницира со медиумите или минувачите, но се претпоставува дека е во прашање личен протест поради невработеноста во земјата.

Понекогаш во протестот и се придружуваат и минувачите, во една прилика и на главата имала картонска кутија, а понекогаш со себе носи транспарент на кој стои дека таа гласно моличи или дека никој не би ја чул и ако проговори.