МИСТЕРИИТЕ НА СЛУЧАЈОТ „ОРЕШЕ“!


Живее во Драчево, a по потекло e од велешко Ореше. Поранешниот заштитен сведок Бреза, или Златко Арсовски, е клучниот човек за пресвртот во судењето за платеното  и се` уште неразјаснето убиство во велешко Ореше. Од 2005 година е мистерија кој и зошто го уби 71 – годишниот Лазо Милошевски, но во 2008 година ненадејно се појави заштитениот сведок  кој ги откри и нарачателот и убијците, јавува Телма.

orese01Човек со дебело полициско досие кој лежел во затвор за разбојништво и кој е во роднинска врска  и со убиниот и со обвинетите, стана заштитен сведок кого го штитеше и издржуваше државата.

Но, тој не беше задоволен од ваквиот третман. На изненадување на сите во февруари годинава си го откри идентитетот и јавно призна  дека лажел се` што кажал додека беше заштитен сведок и тоа под притисок на полицијата.

На првите две судења како заштитен сведок ги обвини Ѓоре Петровски за нарачател, а браќата Георгиевски за извршители на убиството, на третото рече дека лажел под присила на полицајци и инспектори од ДБК, како  и зетот на убиениот.

По пресвртот, истиот судија, кој во два наврата пресуди дванаесет годишни затворски казни, во третиот ги ослободи обвинетите. Истите оние кои на почеток го колнеа и бурно реагираа пред велешкиот суд по ова, го благословуваа судијата.

Контроверзниот маратонски процес заврши без одговори на многу прашања. Остана да виси во воздух, што е вистина ,а што лага, кој е мотивот за убиството,а кој убиецот на Милошевски. Нема информации ниту дали полицијата започна истрага после обвинувањата дека токму инспектори го монтираа случајот, кој дозволувал влегување во притвор кај сведок кој бил заштитен, како тој како што тврдеше одел и на платен одмор во Охрид, додека требало да е во притвор.

Не се разреши ниту дилемата дали во 2008 година, времето кога Репортер 92 на новинарот Томислав Кежаровски обелодени информации за Арсовски, тој беше заштитен сведок или пак овој статус го доби во 2010. Во затвор се сите кои на некој начин, индиректно, беа поврзани со овој мистериозен случај, но не и нарачателите и извршителите на убиството,па кои и да се тие.

Телма.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1