Сонце и топло и за празникот – и до крајот на месецот


Во Македонија во среда во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 2°С до 12°С,  а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 28°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

sonce relaksВо Скопје во среда ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 8°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°С.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб источен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 13°С, а максималните дневни температури од  19°С до 27°С.

Во текот на ноќта ќе има појава на магла.

Во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 3°С до 13°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 28°С.

Во текот на ноќта ќе има појава на магла.

Метеоролозите прогнозираат дека сончево и топло време ќе имаме до крајот на месецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1