Бранови со височина до еден метар го погодија североисточното крајбрежје на Јапонија, откако регионот беше потресен од силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата, пренесува ДПА, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот бил на длабочина од околу 16 километри под морското дно, на 300 километри од јапонското крајбрежје во префектурата Фукушима.
Според новите податоци на Геолошкиот институт на САД земјотресот бил со интензитет од 7,3 степени. Првично центарот информираше дека потресот бил со јачина од 7,6 степени.
Нема информации за повредени и предизвикана материјална штета.