“Кога ја добив сметката не можев да верувам. Неколку пати ги броев нулите, запирките и точките. Стоеше точно 24.094.558,58 динари”, вели за српските медиуми Верица Ѓуровка од белградската приградска населба Добановци, пренесува Лидер.мк.
Електростопанство на Србија не негира дека настанала грешка, најверојатно во читањето на струјомерот и ја известуваат жената дека има право на приговор по што би се корегирала нејзината сметка за потрошена електрична енергија.
Оштетената жена вели дека оваа вртоглава сума не ја плаќа ниту фабрика, а не обично домаќинство. Таа последната година постојано се жалела дека плаќа премногу струја во однос на потрошеното, но досега никој не стигнал да ги види нејзините поплаки.